сабота, 19 октомври 2024
Премиерлига

Никако да падне гол на дуелот помеѓу Ливерпул и Челси, Лидс до важни три бода (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Ливерпул и Челси е само третиот дуел во најсилното првенство на Англија на кој не паднал гол на четири натпревари по ред, вечерва на „Стемфорд Бриџ“ љубителите на фудбалот одново останаа разочарани.

Домаќините два пати ја затресоа мрежата, но головите беа поништени, во првото полувреме беше сопрено славјето на Рис Џејмс поради офсајд, а во вториот дел Хаверц не се израдува поради играње со рака.

Ливерпул пак најблиску до погодок беше во финишот на првиот дел, кога по еден корнер биеше Фабињо а Фофана со глава спречи топката да заврши во голот.

На останатите вечерашни натпревари, Лидс стигна до три важни бода во борбата за опстанок откако се врати од гол негатива против Нотингем Форест и славеше со 2-1.

Брајтон продолжи да се искачува на табелата откако со 0-2 го победи Борнмут, а и Астон Вила скокна некоја позиција по победата од 1-2 над Лестер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ