петок, 14 март 2025

Ника Превц испиша историја, постави нов светски рекорд (ВИДЕО)

Историски момент се случи на денешниот тренинг во ски скокови во Викерсунд,словенечката натпреварувачка успеа да го сруши светскиот рекорд со скок од 236 метри.

Објавено на

часот

Сподели

Претходниот светски рекорд беше поставен минатата година на истата скокалница, а беше во сопственост на Норвежанката Сија Опсет и изнесуваше 230,5 метри.

Ника Превц оваа далечина ја промени за речиси шест метри.

Денешниот тренинг најпрво беше откажан поради временските услови, но откако се подобрија, беше донесена одлука тој да биде одржан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ