сабота, 27 јули 2024

Нихон-Џи, фестивал на јапонска култура во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот е во организација на Јапан.нет.мк (Japan@mk) и поддржан од Амбасадата на Јапонија во земјава. Како што е најавено, ќе се претстават над 20 уметници и илустратори, тројца модни дизајнери, седум хаику поети, четири доџоа, професори, критичари, технолошки експерти, околу 48 гејмери, љубители на стратегиски игри, бонсаи градина и се очекува голе број косплеери.

„Посетителите ќе може да присуствуваат на работилници за специфични јапонски занаети (кумихимо, монкири и церемонија за чај) и на три посебни трибини (Културно-општествена трибина: Јапонски животни и работни навики, култура, менталитет и општествени норми; Аниме: Разликата помеѓу западната и јапонската анимација и Литература: Популарни јапонски концепти во литературата и уметноста кои се применуваат за зголемување на квалитетот на живот). Фестивалот ќе вклучи и турнири во игрите Текен, Покемон Го и Ју-Ги-О, како и продажен дел со суши, јапонско виски, јапонски чаеви, стратегиски друштвени игри, јапонски книги и манга стрипови, рачни изработки со јапонски мотиви, аниме фигури итн.“, соопшти организаторот.

Програмата на Фестивалот е достапна на неговата официјална страница и на Фејсбук.

Ќе биде отворен во 11 часот во присуство на амбасадорот Савада Хиронори, а ќе биде затворен со диџеј сет со јапонска музика и караоке настан.

Japan@mk е 14-годишно неформално здружение на ентузијасти за јапонската култура од Македонија и  досега има организирано над 40 помали настани кои ја претставуваат јапонската култура.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ