Либија и Нигерија утре треба да ги одмерат силите во рамките на 4. коло во квалификациите за Африканскиот куп на нации, но натпреварчот по се изгледа нема да се одигра.
Популарните „супер орли“ решиле да се вратат дома откако биле оставени да чекаат дури 13 часа на аеродром, и тоа без вода и храна.
„Како капитен, заедно со тимот одлучивме дека нема да играме. Побаравме од владата на Нигерија да интервенира и да не спаси. Сум искусил многу работи при настапите во Африка, но ова е срамно однесување“ – гласеше пораката на капитенот Трост Еконг.
View this post on Instagram