четврток, 26 декември 2024

Ни трага од Навални во рускиот затворски систем, велат неговите соработници

Соработниците на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска изјавија дека не се знае каде се наоѓа, откако управата на затворот објави дека тој повеќе не е во казнената колонија каде ја издржува казната.

Објавено на

часот

Сподели

Поранешниот адвокат и жесток критичар на претседателот Владимир Путин во август беше осуден на дополнителни 19 години затвор, покрај единаесет и пол години што веќе ги издржуваше.

Неговите соработници велат дека не го виделе од 6 декември.

Адвокатот Вјачеслав Гимади рече дека затворските службеници денеска пред судот изјавиле дека Навални го напуштил затворот ИК-6 во Мелехово, 235 километри источно од Москва. Не кажаа каде е однесен.

„Не знаеме каде е“, изјави портпаролката на Навални, Кира Јармиш.

Во 2021 година, Навални доброволно се врати во Русија од Германија, каде што се лекуваше од труење со нервен агенс. Неговите поддржувачи го споредуваат со покојниот јужноафрикански лидер Нелсон Мандела, а руските власти го гледаат како екстремист поврзан со ЦИА кој сака да ја дестабилизира Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ