сабота, 27 јули 2024
Став на координаторот на пратеничката група

Незири: Министрите од АА кои поддржуваат други политики ќе бидат разрешени

На претстојните избори Алијанса за Албанците треба да настапи самостојно, а не со коалицијата Европски сојуз за промени, од кој политички субјект веќе сме биле предадени, изјави координаторот на пратеничката група на партијата во Собранието на Македонија, Аднан Незири. со тоа потврдувајќи дека е на страната на поранешниот лидер Зијадин Села. Тој вели дека министрите од редовите на партијата кои поддржуваат други политики, а не партиските, треба да бидат разрешени.

Фото: ТВ Шења

Објавено на

часот

Сподели

„Во конкретниот случај, ако велат дека Владата е корумпирана, а седат во неа и на тој начин се соучесници, тогаш тоа не е искрено. Хумано и етички е да се поднесе оставка. Ако не поднесат оставка, ќе бидат разрешени“, рече Незири во гостување на ТВ Шења.

Тој нагласи дека не треба Алијанса за Албанците да се приклучи на Европски сојуз за промени.

„Во таа организација во преден план се личните амбиции, многу повеќе отколку професионалните, политичките и програмските амбиции. Самостоен изборен настап е почесен политички став, тоа е и поразумна и понезависна одлука и отсликува сериозност во одлучувањето“, изјави Незири.

Тој нагласи дека и самиот лидер, Арбен Таравари веќе има гласано за самостоен настап на партијата и дека покажува оти не ги почитува партиските процедури и правила.

„Имавме неколку состаноци на Централното претседателство  на кои беше заземен став Алијанса за Албанците да излезе самостојно на изборите, така гласаше и Таравари, но не ги знам причините. Надворешните влијанија не треба да влијаат на лидерот на една партија“, рече Незири.

Незири понатаму покажа и некои други причини зошто Алијансата за Албанците повеќе не треба да соработува со партиите од Европската лига за промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ