Насир Асипи, на собирот се обрати во името на жителите и појасни дека дека поднеле барања до надлежните институции, но досега никој не им дал одговори.
„Се соочуваме со низа проблеми, бидејќи живееме во средина каде секој втор ден се минира и слушаме експлозии и ова навистина не загрижува. Сакаат да ни одземат ниви од кои двете села векови живеат од нив, а на некои земјоделието им е единствен приход. Сега се соочуваме со насилно одземање на нивите по одредена минимална цена, а ние тоа нема да го дозволиме“, изјави Насир Асипи.
Тој појасни дека површината на патната оска која треба да минува низ овие села од коридорот 8 е 130.000 метри квадратни, а треба да бидат одземени околу 600.000 квадратни метри земјиште. За оваа намена предвидено е да се доделува како обештетување 650 денари за метар квадратен. Тоа според Хасипи не е вредноста, бидејќи како што вели жителите не се согласуваат ниту за цена која би била десет пати поголема.
Жителите на протестот упатија барање и им дадоа рок на институциите до вторник наредната недела да им дадат одговор, во спротивно се закануваат дека ќе го блокираат секој пат за движење на возилата од компанијата Бехтел и Енка која ги изведува работите на коридорот 8.
„Доколку не се преземат мерки од Владата и од надлежните институции, предупредуваме дека сите патишта кои минуваат низ нашите атари ќе бидат блокирани за вработените во компаниите“, рече Насир Асипи на протестот.
Тие покажаа решенија на кои е наведено дека имаат 15 денови за да ги обжалат решенијата за експропријација.