Ветерот во Скопје носи гранки, парчиња ѓубре, кеси, а опасноста е и од паѓање на покриви и олуци. Дрвја и скшени гранки има и кај поранешната зграда на НИП Нова Македонија, спроти Театар комедија.
На ова место, на бул. Климент Охридски, од падот на дрво повредена е една жена која е пренесена во Клиничкиот центар. Предизвикана е и материјална штета.
УХМР прогнозира наместа локален пороен дожд проследен со грмотевици, а можно е да заврне и град. Нестабилно со услови за невреме ќе биде и во следните два дена.