недела, 20 октомври 2024

Невреме во Делчево, градот е без струја, поплавени се 60 објекти (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

 

Поројниот дожд поплави голем дел од подрумските простории и предизвика потешкотии во одвивањето на сообраќајот.

Врнежите од град со големина на лешник оштетија дел од раноградинарските култури, а настрадаа и дел од овошните насади.

Од Општина Дечлево апелираа до граѓаните да пријават евентуални штети, а оттаму дополнително најавија информација за првичните штети настанати од невремето.

Поради невремето, во дел од делчевските населби во прекин е снабдувањето со електрична енергија.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека екипи од ТППЕ Делчево се излезени на терен и интервенираат со две возила и петмина пожарникари, заедно со екипи на јавното комунално претпријатие. 

н

н

н

н

н

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ