сабота, 27 јули 2024

Невреме со пороен дожд и град во Гостивар

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Центарот за управување со кризи на бројот за за итни повици биле примени повеќе пријави за поплавување на улици и куќи.

„Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на општина Гостивар, едена улица во населбата Бањешница е поплавена до вода која се слеала од каналот за наводнување. Вода навлегла во шест куќи и дворови во село Беловиште, а еден локален пат не бил во употреба заради високото ниво на вода која течела по него. Жители од Циглана, општина Гостивар, предупредиле дека  постои опасност од поплавување на куќи во овој дел на градот, но штети не се пријавени. Поплавување на две куќи со подруми и помошни објекти се пријавени на уште две локации“, соопштуваат од ЦУК.

Посочуваат дека за санирање на штетите и испумпување на водата попладнево на терен се и припадници на Противпожарната единица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ