сабота, 27 јули 2024

Невреме со град попладнево ја зафати Демир Капија

Невреме со врнежи од град ја зафати попладнево општината Демир Капија. Од локалната самоуправа велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од врнежите на градобијни зрна. Најмногу врнежи од град имало во потесното подрачје на Демир Капија.

Објавено на

часот

Сподели

Има оштетувања врз виновите лози и дрвцата, земјоделските култури по дворовите. Засега нема точни информации каква е состојбата со земјоделските култури надвор од населбата. Евентуалните поголеми штети таму, би се утврдувале дополнително, со комисиско излегување на терен, нагласија од Општината, додавајќи дека по невремето, во Демир Капија имало и прекин на електричната енергија.

Од ЦУК информираа дека од УХМР добиена е информација за нестабилност, дека стационарна нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува во подрачјето околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ