недела, 20 октомври 2024

Невреме ги зафати и селата од општина Старо Нагоричане

Објавено на

часот

Сподели

„РЦУК Куманово во 21:02 часот до ЦУК ја достави информацијата дека околу 16:10 до 16:30 часот на подрачје во општина Старо Нагоричане во повеќе села имало елементарна непогода, најпрвин сув град во големина на јајце, почвата за десетина минути побелела, а потоа паѓало и силен дожд проследено со силен ветер“, соопшти ЦУК.

Од општина Старо Нагоричане велат дека со вчерашното време зафатени се повеќе села во Козјачијата.

„Комисија ќе излезе на терен за да изврши увид во евентуалните штети предизвикани од вчерашниот град“, изјави заменик градоначалникот на општина Старо Нагоричане Бобан Цветановски.

Тој посочи дека се уште пристигнуваат информации до Општината. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ