четврток, 20 март 2025

Невообичаени знаци кои може да укажуваат на мозочен удар дури и една недела пред тоа

Истражувањата покажале дека дури девет од десет мозочни удари можат да се спречат. Благодарение на напредокот во третманот, денес повеќе луѓе преживуваат мозочен удар, а се проценува дека 1,3 милиони преживеани живеат во Велика Британија.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Мозочниот удар се случува кога ќе се прекине снабдувањето со крв на дел од мозокот, што предизвикува смрт на мозочните клетки.

Во зависност од областа која е зафатена, последиците можат да влијаат на физичките, когнитивните и емоционалните функции, објаснуваат од Здружението за мозочен удар, кои предупредуваат дека мозочниот удар е итен медицински случај и дека доколку се забележат знаци треба веднаш да се повика итна помош, пренесува Дејли експрес.

За да препознаете мозочен удар, експертите препорачуваат користење на акронимот ФАСТ: Ф (Face) Лице: дали лицето може да се насмее или едната страна од лицето е опуштена? А (Arm) Раце: дали може да ги крене двете раце?  С (Speech) Говор: дали зборува јасно или зборовите се неразбирливи? Т (Time) Време: Ако забележите некој од овие знаци, веднаш јавете се на брза помош.

Покрај овие симптоми, може да се појави ненадејна слабост на едната страна од телото, вртоглавица, заматен вид, конфузија или силна главоболка. Здружението за мозочен удар нагласува: „Ако забележите некој од овие знаци, не чекајте – веднаш повикајте помош“.

„Околу 10.000 мозочни удари годишно може да се спречат со навремено препознавање и лекување на мини мозочен удар“.

Мини мозочен удар или (минлив исхемичен напад) предизвикува привремен прекин на протокот на крв во мозокот и често погрешно се смета за безопасна епизоди.

Иако симптомите исчезнуваат во рок од 24 часа, Здружението за мозочен удар предупредува: „Повеќе од еден од 12 лица доживуваат целосен мозочен удар во рок од една недела по мини ударот, со најголем ризик во првите неколку дена. Околу 10.000 мозочни удари годишно може да се спречат со рано препознавање и третман на минлив исхемичен напад“.

Покрај тоа, експертите конкретно предупредуваат на три необични знаци кои може да укажуваат на мозочен удар една недела однапред:

Ненадејна, интензивна главоболка – силна и долготрајна, различна од вообичаената главоболка, се јавила кај 14,7 отсто од пациентите пред мозочниот удар.

Неправилен срцев ритам (атријална фибрилација – АФ): може да предизвика срцеви палпитации, прескокнување отчукувања, замор, отежнато дишење или болка во градите и петкратно го зголемува ризикот од мозочен удар.

Неочекувана исцрпеност или слабост – ненадеен замор или слабост може да биде знак дека мозокот веќе има проблеми со снабдувањето со крв.

Ако ги забележите овие симптоми, веднаш побарајте лекарска помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ