четврток, 24 октомври 2024

Невладините шокирани од одлуката на ОЈО Кавадарци дека фрлањето кучиња во река не е мачење на животни

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци без да консултира вешто лице, без да ја консултира науката, ниту да ја искористи здраворазумноста при ценењето на фактите ја отрфли кривичната пријава против две лица што во јуни годинава објавија видео на кое се гледа како кучиња грубо и насилно беа фрлани во реката Вардар, реагираат денеска од невладината Ние за благосостојба на животните.

Фото: Принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Во дописот испратен до јавноста од оваа невладина организација велат дека во јуни месец годинава поднеле кривична пријава против две лица од село Пепелиште, откако на социјалната мрежа Инстаграм се појави видео на кое се гледа како непознато лице, грубо и насилно, фрла кучиња во реката Вардар.
„Во кривичната пријава беше наведено дека ваквите дејствија се крајно нехумани и се спротивни на природата и потребите на кучињата како вид, факт кој може да потврди и вешто  лице од областа, а воедно овие факти се и научно поткрепени со Кембриџката  декларација за свесност на животните од 2012 година, како и  со член 2 од Законот за заштита и благосостојба на животните. И покрај тоа што казната за ова кривично беше зголемена со последните измени на Кривичниот законик, со цел да се дестимулираат ваквите дејствија, со непокренувањето обвинение, јавниот обвинител, напротив ги охрабрува и одобрува ваквите монструозни акти, со што ја подрива децениската борба и заложби на здруженијата за заштита на животните и активистите за конечно да почне да се санкционира насилството кон нив“, се наведува во реакцијата.

Во одлуката на Обвинителството што од невладината Ние за благосостојба на животните ја приложија на увид на јавноста меѓу другото пишува декакривичната пријава против двајцата пријавени е отфрлена поради тоа што „не се утврдило никакво грубо злоупотребување или изложување на било какви маки или пак нанесување на болки…“ на кучињата поради што нема елементи на кривичното дело мачење животни ниту на друго кривично дело кое се гони по службена должност.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ