сабота, 27 јули 2024

Невистинито е тврдењето од Муцунски, контејнерите редовно се празнат, реагираат од комуналец

Комунална хигиена реагира дека е невистинито тврдењето од Општина Аеродром дека градското комунално претпријатие не го собира ѓубрето од контејнерите. Во прилог на реакцијата се и фотографии кои, како што велат од Комунална хигиена, се направени истиот ден.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со соопштението на градоначалникот на општината Аеродром поврзано со собирањето и транспортот на комуналниот отпад во општината, ЈП Комунална хигиена-Скопје ве информира дека неспособноста на градоначалникот на општина Аеродром е само негова, без разлика колку се обидува да ја префрли на туѓа адреса. 

Контејнерите кои се надлежност на Комунална хигиена Скопје се целосно исчистени, редовно и без отстапки. За жал, општинската служба поради неспособното раководство на општината Аеродром е нефункционална“, се вели во соопштението.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ