сабота, 27 јули 2024

Невидено невреме во Загреб, две лица загинаа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Забележани се два смртни случаи, а неколку лица се повредени во невремето“, потврди за Хина д-р Љупка Хитрова од Наставниот институт за ургентна медицина.

„Имаме двајца мажи кои загинаа како последица од паѓање на стебло. Имаа повеќе повреди на главата“, рече Хитрова. Таа додаде дека во Институтот се прават спецификации, но дека има голем број повредени во целиот град, а некои се со многу тешки повреди.

Засега не е познат бројот на повредени, а во градот се собира материјална штета. Центарот на Загреб е поплавен, а сите јавни служби се на терен.

Поради невремето што го зафати Загреб околу 16 часот, итната помош примила над 700 повици, меѓу кои и неколку пријави за повредени лица, а само пожарникарите имале 50 интервенции.

„Жупанскиот центар 112 Загреб има потешкотии во комуникацијата со итните и комуналните служби поради големиот број повици за кратко време (над 700 повици за 45 минути)“, објави Дирекцијата за цивилна заштита на Твитер.

Според видеото кое се шири на порталите и социјалните мрежи, голем градежен кран се урнал на тло на загрепскиот Чрномерец под налетот на орканскиот ветер. Се споделува и видео од соборени дрвја во загрепска Дубрава, на кое се гледа интервенцијата на итната помош врз лице на кое паднало дрво.

Невремето кое траело околу 20 минути, рушело гранки и стебла низ градот. Според фотографиите, на Јарун паднале дрвја врз автомобили, а на некои места буквално биле искорнати. Забележани се однесени лимени покриви во селото Волтино.

Во Загорска улица ветерот рушел ќерамиди од куќите. Може да се види и како дождот го поплавил загрепскиот Британски плоштад, каде автомобилите едвај поминуваат низ високата вода, додека граѓаните ја снимале надојдената вода која се слевала по улицата Радиќева во центарот на градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ