сабота, 28 септември 2024

Неверојатниот Палмер испиша историја, ова не го направил никој друг во Премиерлигата (ВИДЕО)

Напаѓачот на Челси, Кол Палмер испиша нова историја, стана првиот играч во Премиерлигата кој успеал да постигне четири погодоци во првото полувреме.

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ изминативе две години потрошија преку 1 милијарда фунти на засилувања, поголемиот дел од играчите не ги оправдаа вложените средства, но ангажманот на Кол Палмер од Манчестер Сити се покажа како полн погодок.

Англичанецот минатата сезона ја одигра на врвно ниво, а во исто темпо продолжи и оваа сезона.

Поладнево напаѓачот испиша историја и стана првиот фудбалер кој успеал да постигне четири погодоци во првото полувреме.

Особено беше атрактивен голот со кој комплетираше хет-трик, Палмер маестрално погоди во аголот од слободен удар и не му даде шанса на противничкиот голман да одбрани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ