петок, 18 октомври 2024
Ла Лига

Неверојатниот Белингем донесе победа за Реал Мадрид во Ел Класико дуелот против Барселона (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Барселона во првото Ел Класико оваа сезона, Џуд Белингем уште еднаш покажа колку важен играч е за кралскиот клуб, тој ги постигна двата гола за својот тим.
 

Објавено на

часот

Сподели

Во првото полувреме Барселона го надигра Реал Мадрид. Каталонците поведоа уште во шестата минута со гол на Гундоган.

Имаа неколку шанси да ја зголемат предноста, имаа и статива, но не искористија, на полувремето се замина со 1-0 за Барса.

На почетокот на второто полувреме беше иста слика, Барса создаваше шанси, повторно имаше статива, но како одминуваше мечот работите почнаа да се менуваат.

Во 68. минута Белингем постигна фантастичен гол од далечина за израмнување на 1-1.

А во судиското продолжение од мечот, Англичанецот по асистенција од Модриќ даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 2-1.

Со овој триумф Реал Мадрид се врати на првото место на табелата со ист број на бодови како и Жирона. Барселона има четири бода помалку од водечкото дуо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ