сабота, 27 јули 2024

Неверојатна ноќ во НБА: Ембид постигна 70 поени, Таунс 62 (ВИДЕО)

Жоел Ембид постигна неверојатни 70 поени во победата на Филаделфија над Сан Антонио од 133-123, Таунс реализираше 62 поени кои не беа доволни за Минесота да го совлада Шарлот кој го доби мечот со 128-125.

Објавено на

часот

Сподели

МВП играчот од минатата сезона, Жоел Ембид игра во одлична форма во последно време, а кулминацијата ја имаше ноќеска кога постигна фантастични 70 поени против Сан Антонио. На тоа придодаде и 18 скокови.

Филаделфија го доби мечот со 133-123, на Ембид беа повеќе од половина од поените на неговиот тим. Во составот на Сан Антонио најефикасен беше Вембанјама со 33 поени.

Неверојатен меч имаше и Таунс во составот на Минесота, која беше поразена од Шарлот со 128-125 поради катастрофалната последна четвртина која ја загубија со 36-18.

Таунс по три четвртини имаше постигнато 58 поени, на полувреме имаше 44 поени, но во последниот период реализираше само четири поени и застана на 62, што е импресивна бројка, но впечатокот е дека имаше простор и за повеќе.

Најефикасен кај Шарлот беше Бриџис со 28 поени, Милер постигна поен помалку од него.

Резултати:
Детроит – Милвоки 113-122
Орландо – Кливленд 99-126
Филаделфија – Сан Антонио 133-123
Торонто – Мемфис 100-108
Минесота – Шарлот 125-128
Далас – Бостон 110-119
Феникс – Чикаго 115-113
Сакраменто – Атланта 122-107

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ