сабота, 27 јули 2024
НБА

Неверојатна драма, Бостон на помалку од една секунда даде кош и го победи Мајами (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Бостон е на еден чекор да испише историја, ниту еден тим досега во НБА не победил кога имал 0-3, Селтикс ги изгубија првите три партии и мисијата да се пласираат во големото финале изгледаше невозможна за нив, но се вратија и израмнија на 3-3. Мајсторката се игра на нивен терен.

Синоќа Дерик Вајт беше херојот на Бостон, собра една топка од под кошот и погоди на 0,2 секунди до крајот за победа од 104-103.

Најдобар во составот на Бостон беше Тејтум со 31 поен и 12 скокови, Браун постигна 26 поени имаше и 10 скокови. Кај Мајами Батлер реализираше 24 поени, имаше и 11 скокови, Мартин Калеб 21 поен и 15 скокови, дабл-дабл учинок имаше и Адебајо со 11 поени и 13 скокови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ