сабота, 27 јули 2024

Неверојатен меч со осум гола на Монжуик, Барселона загуби од Виљареал (ВИДЕО)

Барселона и Виљареал одиграа неверојатен натпревар со пресврти кој го добија гостите со 5-3 со погодоци во финишот.

Објавено на

часот

Сподели

Одигран е натпреварот на досегашниот дел од сезоната во Ла Лига, вечерашниот меч на Монжуик беше исклучително возбудлив.

Возбудувањата почнаа во 22. минута кога Морено даде гол за Виљареал, но му беше поништен поради фаул. Во 41. сепак гостите дојдоа во водство преку Морено, тоа беше резултатот од првиот дел.

Во 54. минута Акомач го зголеми водството на Виљареал на 2-0, а брзо потоа почна интересното.

Следуваше бликскриг на Барселона од 11 минути за кои постигнаа три гола и го свртеа резултатот, поведоа со 3-2. Гундоган, Педри и автогол на Баи беа погодоците.

Во 84. минута Гуедеш изедначи на 3-3. Барселона мораше пак да тргне да го врати водството.

Беше досуден пенал за Барса поради играње со рака на еден од играчите на Виљареал, но по прегледување на ВАР снимката одлуката беше променета.

Во 99. минута Сорлот постигна гол за водство на Виљареал од 4-3, а три минути подоцна гол даде и Моралес за конечна победа на гостите од 5-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ