сабота, 19 октомври 2024

Невенчаната сопруга му го искршила мицибушито, ја пријавил во полиција

Жител на неготинско село синоќа пријавил во полиција дека неговата невенчана сопруга му го оштетила возилото, информираа денеска од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во 19.40 часот ОВР Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно однесување и расправија помеѓу Б.Д.(53) и неговата невенчана сопруга А.М.(19), двајцата од неготинско село, по што Б.Д. пријавил дека А.М. со тврд и остар предмет му го оштетила  неговото патничкото возило мицубиши. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопштија од СВР Велес.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ