недела, 19 мај 2024

Неуспешен обид за кражба на гласачки ливчиња во Општината Чаир

Три лица се обиделе да влезат во просторија во зградата на Општината Чаир, но полицаец ги забележал па избегале.

Фото: Општина Чаир

Објавено на

часот

Сподели

МВР информира дека во полициската станица Бит Пазар денеска било пријавено дека три машки лица се обиделе да ја отворат предната врата и капијата на објектот на Општина Чаир, каде што се чува изборен материјал, но откако биле забележани од полицискиот службеник, кој го обезбедува изборниот материјал, лицата го напуштиле местото.

Како што информираат од МВР, не е причинета штета на капијата ниту на изборниот материјал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ