среда, 19 март 2025

Нетанјаху за нападите на Газа: Ова е само почетокот

Израел „ги продолжи борбите со полна сила“ против Хамас во Појасот Газа, кажа премиерот Бенјамин Нетанјаху. Тој предупреди дека „преговорите ќе продолжат само под оган“ и дека „ова е само почетокот“, пренесува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Неговата изјава следи откако израелски авиони извршија масовни воздушни напади на мети за кои војската тврди дека се поврзани со Хамас во Газа.

Повеќе од 400 луѓе се убиени во нападите, извести министерството за здравство во Газа, а стотици се повредени.

Бранот напади е најтешкиот од почетокот на примирјето на 19 јануари. Кревкото примирје главно беше одржувано до сега, но овој нов бран напади сугерира дека плановите за трајно завршување на војната можеби повеќе не се на маса.

Воздушните напади го прекинаа двомесечниот мир, а болниците повторно се полни со жртви.

Нападите на Газа ги осуди Египет, посредникот во преговорите. Воздушните напади се „грубо кршење“ на договорот за примирје и претставуваат „опасна ескалација“, кажа Тамим Калафа, портпаролот на египетското министерство за надворешни работи.

„Бев шокиран од тоа што војната повторно почна, но истовремено, го очекувавме ова од Израелците“, кажа Хаел, жител на Џабалија ал Балада, за Би-би-си. „Како граѓанин, исцрпен сум. Доволно беше. Ова трае година и пол! Доста е“, додаде тој.

Нетанјаху во своето обраќање кажа дека Израел се обидел да преговара со Хамас за ослободување на израелските заложници кои сè уште се држат во Газа. Тој го обвини Хамас за постојано одбивање на предлозите.

Израелскиот премиер кажа и дека Израел ќе ја продолжи борбата за да ги оствари своите воени цели – „да ги ослободи заложниците, да го уништи Хамас и да обезбеди Хамас повеќе да не биде закана за Израел“.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се консултирала со Израел пред да ги изврши нападите. Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Брајан Хјуз кажа: „Хамас можеше да ги ослободи заложниците за да го продолжи примирјето, но наместо тоа избра одбивање и војна“.

Хамас предупреди дека продолжувањето на насилствата од страна на Израел „наметнува смртна казна“ за преостанатите живи заложници кои ги држи во Газа, и го обвини Израел дека се обидува да присили предавање.

Израел тврди дека Хамас држи уште 59 заложници, од кои верува дека 24 се живи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ