вторник, 22 октомври 2024

Нетанјаху сугерираше делумно сопирање на операциите во Газа за вакцинација против детска парализа

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху сугерираше дека би можело да дојде до делумно сопирање на воените операции во Газа за да се овозможи вакцинација на малите деца против детска парализа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се негира тврдењето на израелска телевизија дека за време на кампањата за вакцинација, која почнува викендов, ќе дојде до општо примирје, но кажано е дека се одобрени „одредени места“ во Газа за оваа цел.

„Предлогот е претставен на безбедносниот кабинет и доби поддршка од релевантните експерти“, се наведува во соопштението.

Краткото соопштение е можеби намерно непрецизно. Крајно десничарските елементи на владејачката коалиција во Израел решително се противат на каков било облик на примирје или олеснувања за палестинското население на Газа, но хуманитарните агенции јасно дадоа до знаење дека епидемијата на детска парализа, прва во газа по 25 години, речиси сигурно ќе се прошири на Израел ако веднаш не се заузда.

Израелските медиуми пренесоа дека прекин на операциите барал шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен за време на посетата на Израел минатата недела.

Првиот од двата круга вакцинација треба да почне во сабота во итен обид да се сопре ширењето на вирусот откако претходно месецов беше најден кај деветмесечно бебе со парализа на едната нога.

Повеќе од 25.000 шишенца од вакцината, доволно за над милион дози, стигнале во Газа заедно со опремата потребна за нивно ладење при транспортот. Меѓутоа, здравствените експерти предупредуваат дека би било практично невозможно успешно да се спроведе вакцинацијата под бомбардирање.

За да се спречи ширење на болеста, хуманитарните агенции мора да стигнат до 90 отсто од проценетите 640.000 деца помлади од 10 години во Газа. Тоа е голем предизвик, имајќи предвид дека Палестинците се подложени на постојани наредби за евакуација од страна на израелската војска, што ги присилува да се собираат во помали и пооддалечени области.

Една од можностите која ја сугерира соопштението на Нетанјаху е дека израелското бомбардирање би било сопрено во различни области на Газа, секвенцијално, за да им се овозможи на хуманитарните работници да се движат од една во друга област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ