петок, 26 јули 2024

Нетанјаху: Со кое право го споредувате Хамас со израелските војници кои водат праведна војна?

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека одлуката на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд со која се бара налог за негово апсење е апсурдна и дека со неа се цели на цел Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со гадење ја отфрлам споредбата на обвинителот во Хаг меѓу демократски Израел и масовните убијци Хамас“, кажа Нетанјаху. „Со која дрскост го споредувате Хамас кој убивал, палел, масакрирал, силувал и грабнувал наши браќа и сестри и војниците на Израелските одбранбени сили кои водат праведна војна?“

Тој потегот на обвинителот на МКС го нарече нов вид антисемитизам. „Граѓани на Израел, ви ветувам едно нешто – обидот да ни се врзат рацете нема да успее“, кажа тој. „Како премиер на Израел ветувам дека никаков притисок и никаква одлука на каков било меѓународен форум нема да нè спречи да удриме по оние кои сакаат да нè уништат“.

Израелскиот претседател Исак Херцог кажа, коментирајќи ја веста за налозите за апсење за воени злосторства, кои освен на лидерите на Хамас се однесуваат на Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана, дека одлуката на обвинителот на МКС е „повеќе од нечуена“ и дека ќе ги охрабри терористите низ светот.

„Каков било обид да се повлечат паралели меѓу овие ѕверски терористи и демократски избраната влада на Израел, која работи на тоа да ја исполни својата должност и да ги заштити своите граѓани во целост почитувајќи ги принципите на меѓународниот закон – е нечуен и не треба да биде прифатен од кого било“, кажа Херцог.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ