„На Шабат и на празник, Хамас изврши инвазија на израелска територија и уби невини граѓани, вклучувајќи деца и постари лица. Хамас започна брутална и зла војна. Ќе бидеме победници во оваа војна и покрај неподносливата цена. Ова е многу тежок ден за сите нас“, напиша Нетанјаху на социјалната мрежа Х.
Тој додаде дека „Хамас сака да нѐ убие сите“.
Тој изјави дека тоа е „непријател кој убива деца и мајки во нивните домови, во нивните кревети, непријател кој киднапира постари, деца и млади жени, кој ги коле и масакрира нашите граѓани, вклучително и деца, кои едноставно излегле да уживаат во празникот“.
Нетанјаху истакна дека она што се случи вчера во Израел е „без преседан“ и дека тој лично ќе се погрижи тоа да не се повтори, а зад таа одлука стои цела влада.
This morning, on Shabbat and a holiday, Hamas invaded Israeli territory and murdered innocent citizens including children and the elderly. Hamas has started a brutal and evil war.
We will be victorious in this war despite an unbearable price. This is a very difficult day for all…
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) October 8, 2023
Според него, израелските одбранбени сили веднаш ќе ги искористат сите сили за да ги уништат капацитетите на Хамас.
„Ќе ги уништиме и насилно ќе се одмаздиме за овој мрачен ден што го наметнаа на државата Израел и нејзините граѓани. Како што напиша Биалик: ‘Одмаздата за крвта на мало дете сè уште е смислена од сатаната’. Ќе ги претвориме во урнатини сите места каде што Хамас е распореден, се крие и дејствува во тој злобен град. Им порачувам на жителите на Газа: Заминете сега бидејќи ќе употребиме сила насекаде“, напиша израелскиот премиер.
Тој додаде дека војната ќе трае, ќе биде тешка и дека на Израелците им претстојат тешки денови, но дека ќе победат.
Хамас вчера го нападна Израел, а борбите сѐ уште траат.
Од утрово израелската армија изведува напади врз цели во Либан, од каде утринава беше извршен ракетен напад на спорната територија на Голанската висорамнина, која е под контрола на Израел. Хезболах ја презеде одговорноста за тие напади. Билансот на првиот ден од војната е 250 загинати на израелска страна и исто толку во Газа.