сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху се откажа од нападот на Иран по разговорите со Бајден

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се откажа од одмаздата против Иран по разговорите со американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Њујорк тајмс.

Весникот наведува дека во телефонски разговор, Бајден го одвратил Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад врз Иран откако Техеран минатата ноќ лансираше околу 300 беспилотни летала и ракети врз Израел.

Според извештаите, неколку членови на израелскиот воен кабинет биле за започнување на одмазднички напад врз Иран, но тој бил напуштен бидејќи не била предизвикана сериозна штета во иранските напади, како и поради разговорот на Нетанјаху со Бајден, објави Тајмс оф Израел.

Бајден рече дека САД го поддржуваат Израел кога се во прашање заканите од Иран, но дека нема да учествуваат во евентуален напад врз Иран.

Иран го започна нападот врз Израел како „одмазда за бомбардирањето на нивните дипломатски објекти во Дамаск“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ