четврток, 26 декември 2024

Нетанјаху сака брзо одобрение од владата за напад во Рафа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху сака брзо одобрување од владата за плановите за контроверзна воена офанзива врз јужниот крајбрежен град Рафа и покрај преговорите за прекин на огнот во војната во Газа.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Ќе ја свика владата, можеби веќе вo недела, за да го одобри оперативниот план, објави Нетанјаху во саботата вечерта на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер.

Напредувањето на израелската војска кон Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, се смета за многу проблематично бидејќи сега таму живеат околу 1,5 милиони Палестинци. Повеќето од нив избегале од војната од другите делови на тој крајбрежен простор.

Во Рафа живеат во мизерни услови, најчесто во шатори или на улица.

Нивната евакуација изгледа тешко изводлива бидејќи другите делови на Појасот Газа се уништени или ја немаат потребната инфраструктура за сместување на толку голем број луѓе.

Планираната воена офанзива во Рафа е силно критикувана на меѓународно ниво, дури и сојузниците како САД го повикуваат Израел на воздржаност.

Нетанјаху се осврна и на преговорите за привремен прекин на огнот во војната против палестинската милитантна група Хамас и ослободување на заложниците.

Тој во петокот испрати делегација во Париз на индиректни преговори.

Нетанјаху напиша дека владата сака да ги разгледа следните чекори во преговарачкиот процес. Израелските претставници во саботата изјавија дека има уште долг пат до постигнување договор.

Хамас сè уште држи околу 130 заложници, кој заедно со другите екстремистички групи започнаа напад во јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.200 лица и, според израелската влада, приближно 240 биле киднапирани и однесени во Појасот Газа.

Како одмазда, Израел започна офанзива во која беа уништени големи делови од Газа, го расели поголемиот дел од населението и уби околу 30.000 луѓе.

Само комбинација од воен притисок и цврсти преговори ќе доведат до ослободување на нашите заложници, елиминација на Хамас и постигнување на сите воени цели, рече Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ