недела, 6 октомври 2024

Нетанјаху рече дека повикот на Макрон за ембарго на оружје на Израел е „срамота“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за ембарго на оружје за Израел е „срамота“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Додека Израел се бори против варварските сили предводени од Иран, сите цивилизирани земји треба цврсто да застанат на страната на Израел. Сепак, претседателот Макрон и други западни лидери сега повикуваат на ембарго за оружје против Израел. Срам да им е“, рече Нетанјаху, а пренесе Тајмс оф Израел.

Нетанјаху вети дека Израел ќе победи „со или без поддршка“.

„Но, нивниот срам ќе продолжи долго по победата во војната“, истакна Нетанјаху.

Тој рече дека Израел ја брани цивилизацијата од оние кои сакаат на сите да им наметнат „мрачно доба на фанатизмот“.

„Бидете уверени, Израел ќе се бори се додека битката не се добие – за наше добро и за доброто на мирот и безбедноста во светот“, нагласи Нетанјаху.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ