сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху: Признавањето на палестинската држава е награда за тероризам

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше намерата на Норвешка, Шпанија и Ирска да ја признаат независната држава Палестина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Намерата на неколку европски земји да ја признаат палестинската држава е награда за тероризам“, кажа Нетанјаху.

Израелскиот премиер тврди дека 80 отсто од Палестинците на Западниот брег го поддржуваат нападот извршен на 7 октомври.

„На тоа зло не може да му се даде држава. Тоа би била терористичка држава, а ние на тоа нема да се согласиме“, истакна тој.

Додаде дека „наградувањето на тероризмот нема да донесе мир“ и дека тоа нема да го спречи Израел да го порази Хамас.

Нетанјаху се противи на решението со две држави, кое предвидува независна палестинска држава која постои паралелно со Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ