недела, 19 мај 2024

Нетанјаху: Прекин на војната во Газа во овој момент би значело задржување на Хамас на власт

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ги отфрли барањата на Хамас за прекин н војната во Газа во замена за ослободување на заложниците, оценувајќи дека тоа палестинската исламистичка група би ја задржало н власт и би претставувало закана за Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху кажа дека Израел е спремен да ги паузира борбите во Газа за да обезбеди ослободување на заложниците кои сè уште ги држи Хамас, а се верува дека се повеќе од 130.

„Но, додека Израел покажува волја, Хамас останува вкопан во своите екстремни позиции меѓу кои првото барање е нашите сили да се повлечат од Газа, да се заврши војната и да се остави Хамас на власт. Израел тоа не може да го прифати“, кажа Нетанјаху.

„Хамас би можел да го исполни своето ветување дека повторно и повторно ќе ги спроведува своите масакри, силувања и грабнувања“, оцени израелскиот премиер.

Денес во Каиро продолжуваат преговорите за примирје со египетските и катарските посредници, без очигледен напредок бидејќи Хамас останува на своето барање дека секој договор мора да ја прекине војната во Газа, соопштија палестинските власти.

Палестински функционер, близок до преговорите, кажал дека делегацијата на Хамас пристигнала во Каиро решена да постигне договор, „но не по секоја цена“.

„Договорот мора да ја прекине војната и да обезбеди повлекување н израелските сили од Газа, а Израел сè уште се нема обврзано на тоа“, кажал изворот за Ројтерс, барајќи да остане анонимен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ