четврток, 26 декември 2024

Нетанјаху оди на операција под целосна анестезија

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху мора да оди на операција на кила под целосна анестезија, соопштија од неговиот кабинет, пренесува Си-ен-ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На Нетанјаху (74) вчера при рутински преглед му беше дијагностицирана хернија (кила), а денеска треба да биде опериран.

Тоа значи дека израелскиот лидер ќе биде привремено надвор од функцијата во деликатен момент на војната во Газа и најавените преговори меѓу Израел и Хамас во Каиро.

Него привремено ќе го замени досегашниот вицепремиер и министер за правда Јарив Левин.

Преговорите за ослободување на преостанатите израелски заложници кои ги држи милитантната група во замена за прекин на огнот во конфликтот во кој се убиени повеќе од 32.000 жители на Газа, се во застој од минатата недела.

Ова е втора операција на Нетанјаху откако се врати на премиерската функција на крајот на 2022 година. Минатото лето му беше вграден пејсмејкер.

Нетанјаху веќе имаше кила во 2013 година, кога исто така беше опериран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ