сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху негира дека во Газа се умира од глад: Не сме ние виновни туку Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека луѓето гладуваат во Газа и го обвини Хамас за недостигот хуманитарна помош во окупираната територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гладот и неухранетоста се широко распространети во Појасот Газа. Обединетите нации предупредуваат дека кризата е сериозна, а експертот на светската организација за правото на храна Мајкл Фахри го обвини Израел дека намерно ги изгладнува граѓаните на Газа. Во Меѓувреме, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок кажа дека луѓето во Газа се поблиску до смрт отколку до живот.

„Немаме таков вид информација. Тоа не е информации со кои располагаме. И ние тоа внимателно го следиме. Што е уште поважно, тоа не е нашата политика. Нашата политика е да испратиме колку што можеме повеќе хуманитарна помош“, кажа Нетанјаху на тие обвинувања.

ОН утврдиле дека едно од шест деца помлади од две години во северна Газа пати од акутна неухранетост. Светската здравствена организација исто така соопшти дека деца умираат од глад во северна Газа.

Во интервју за Аксел Шпрингер, матичната компанија на Политико, Нетанјаху кажа дека искоренувањето на Хамас е приоритет на Израел.

„Кога почнавме да пуштаме хуманитарни конвои, кажавме дека ќе постои еден проблем. Што ако Хамас се обиде да ја украде храната и лековите кои ги носиме за цивилното население, за сопствените терористички сили: Мислам дека Белата куќа на 19 октомври кажа дека, ако тоа се случи, меѓународната заедница ќе мора да ја сопре помошта. Тоа се случи. Повеќе пати. Но никој не побара да се прекине помошта, а ние не ја сопревме“, тврди Нетанјаху.

ОН велат дека практично сите 2,3 милиони жители на Газа зависат од помош за да преживеат и дека гладот достигнал катастрофални нивоа. Се наведува и дека во февруари дошло до намалување на помошта која стигнала во Газа за 50 отсто.

Поради израелската блокада на испраќањето помош по копно и убиствата на повеќе од 100 Палестинци врз кои израелските сили отворија оган додека се обидуваат да ја земат помошта од камиони, ЕУ почна да испорачува помош со падобрани.

На прашањето зошто повеќе помош не стигнува преку копно во Газа, Нетанјаху кажа: Хамас доаѓа и ја краде храната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ