сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху: Не прифаќаме договор кој вклучува завршување на војната, ќе ја нападнеме Рафа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му кажал денес на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека нема да прифати договор кој вклучува завршување на војната во Појасот Газа, пренесуваат израелските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според високи американски и израелски функционери, Нетанјаху на средбата со Блинкен кажал дека, ако Хамас инсистира на прекин на војната, договорот нема да биде прифатен. Исто така истакнал дека инвазија на градот Рафа на југот на Појасот Газа ќе има и дека таа операција не зависи од ништо.

Претходно портпаролот на Стејт департментот Метју Милер соопшти дека Блинкен во разговорот со Нетанјаху повторил дека САД се противат на планираниот израелски напад на пренаселениот град Рафа на југот на Појасот Газа. Блинкен претходно денес, на средбата со израелскиот претседател Исак Херцог, порачал дека „сега е времето“ за договор со Хамас и ослободување на заложниците и прекин на огнот.

Тој навел дека таквиот договор би овозможил влез на неопходните лекови, храна и вода во Газа. Посетата на Блинкен на Израел се случува еден месец откако американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Нетанјаху дека политиката на Вашингтон би можела да се смени ако Израел не преземе чекори да ја ублажи цивилната штета, хуманитарната катастрофа и не осигури безбедност на хуманитарните работници.

САД и арапските партнери го повикаа Израел да направи повеќе за да го олесни приливот на помош среде растечката хуманитарна криза во енклавата, во која повеќето луѓе останаа без домови и се соочуваат со недостиг од храна и вода, а инфраструктурата е уништена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ