четврток, 16 јануари 2025

Нетанјаху: Кризата во последен момент со Хамас го одложува израелското одобрување за примирјето

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека „кризата во последен момент“ со Хамас го одложува израелското одобрување на долгоочекуваниот договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека владата нема да се состане за да го одобри договорот додека Хамас не попушти, обвинувајќи го за кршење на делови од одговорот во обид да извлече дополнителни отстапки, пренесе АП.

Во меѓувреме, во израелските воздушни напади загинаа десетици луѓе низ Газа.

Високиот функционер на Хамас Изат ал Рашак рече дека Хамас е посветен на договорот за прекин на огнот објавен од посредниците.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден и клучниот посредник Катар синоќа објавија дека е постигнат договор за прекин на огнот.

Според договорот, 33 заложници ќе бидат ослободени во следните шест недели во замена за стотици Палестинци затворени во Израел.

Израелските сили ќе се повлечат од многу области, стотици илјади Палестинци ќе можат да се вратат во она што останало од нивните домови, а се очекува да се зголеми и хуманитарната помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ