сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху: Ќе продолжиме да се браниме

Израел ќе продолжи да се брани себеси и своите граѓани, почитувајќи го меѓународното право, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Врховниот суд на Обединетите нации не нареди прекин на огнот во Газа, туку од Израел побара да преземе акција да спречи геноцид и да преземе мерки за подобрување на хуманитарната ситуација за палестинските цивили во енклавата, пишува Ројтерс.

Нетанјаху за обвинувањата за геноцид рече дека се срамота и нешто што „нема да се избрише со генерации“.

Тој посочи дека и покрај почитувањето на меѓународното право, Израел има право на самоодбрана.

„Гнасниот обид да му се ускрати на Израел ова основно право е бесрамна дискриминација на еврејската држава и тој беше праведно отфрлен“, рече Нетанјаху во врска со одлуката на Меѓународниот суд на правдата.

Но, иако одлуките на МСП се конечни и без жалба, судот нема начин да ги спроведе.

Судот во оваа фаза не донесе одлука за суштината на случајот покренат од Јужна Африка – дали се случил геноцид во Газа. Но, го призна правото на Палестинците во Газа да бидат заштитени од акти на геноцид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ