сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху: Ќе го уништиме Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат свика итен состанок на владата денеска, велејќи дека Израел ќе го „уништи Хамас“ во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Состанокот, одржан во воениот штаб во Тел Авив, започна со едноминутно молчење во спомен на околу 1.300 убиени Израелци од почетокот на офанзивата на Хамас минатиот викенд.

Нетанјаху рече дека сите министри „работат деноноќно и обединето“.

„Хамас мислеше дека ќе бидеме соборени. Ние сме тие кои ќе го собориме Хамас“, рече тој, додавајќи дека покажувањето на единство „испраќа јасна порака до нацијата, непријателот и светот“.

Целта на Израел е да го уништи политичкото и военото раководство на исламистичката организација Хамас, која истрела илјадници ракети врз Израел додека во исто време стотици нејзини војници ја пробиле границата во невиден ненадеен напад минатиот викенд.

Израел одговори со одмазднички воздушни напади врз крајбрежната енклава во кои досега загинаа повеќе од 2.300 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ