вторник, 10 декември 2024

Нетанјаху „категорично“ ги отфрли условите на Хамас за ослободување на заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во денешното видеообраќање рече дека „категорично“ ги отфрла условите на палестински Хамас за ослободување на заложниците, откако Хамас објави извештај за нападот на 7 октомври.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Категорично ги отфрлам условите на Хамас“, кои бараат „крај на војната, повлекување на нашите сили од Газа“ и „ослободување на сите убијци и силувачи“, рече Нетанјаху.

Министерството за здравство во Појасот Газа, под контрола на Хамас, денеска соопшти дека од почетокот на војната против Израел на 7 октомври, на палестинска територија се убиени 25.105 лица, главно жени, деца и малолетници.

Во изминатите 24 часа загинале 178 Палестинци, а вкупниот број на ранетите достигна 62.681.

Околу 1.200 луѓе, главно цивили, беа убиени во Израел на првиот ден од војната и беа земени околу 240 заложници, од кои се верува дека 132 сè уште се држат во Газа.

Во израелските воени операции во Газа загинале 195 војници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ