сабота, 21 декември 2024

Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

Израелските тимови одржаа состаноци за да разговараат за предлозите на САД за прекин на огнот во Либан и ќе продолжат со разговорите во наредните денови, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека ги цени американските напори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите тимови се состанаа вчера, во четврток, за да разговараат за иницијативата на САД и како можеме да ја постигнеме нашата заедничка цел – безбедно враќање на нашиот народ во нивните домови. Ќе продолжиме со дискусиите во наредните денови“, рече Нетанјаху.

Соопштението доаѓа откако израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац вчера ги отфрли американските и француските предлози за 21-дневен прекин на огнот, велејќи дека нема да има прекин на огнот на северот каде што израелските бомбардери жестоко ги напаѓаат позициите на проиранската шиитска милиција Хезболах.

Вчера, откако Нетанјаху го напушти Њујорк каде што присуствуваше на седницата на Генералното собрание на ОН, неговиот кабинет објави соопштение дека премиерот им наредил на израелските трупи да продолжат со сета своја сила да се борат против Хезболах во Либан.

Во изјавата на Нетанјаху не се споменува изјавата на Кац или други израелски политичари кои исто така го отфрлија прекинот на огнот, велејќи дека имало „многу погрешно известување за иницијативата за прекин на огнот предводена од САД“.

„Израел ги споделува целите на американската иницијатива да обезбеди безбедно враќање на луѓето во нивните домови долж нашата северна граница“, се вели во изјавата на израелскиот премиер. „Израел ги цени американските напори по ова прашање бидејќи улогата на САД е суштинска во промовирањето на стабилноста и безбедноста во регионот“, се додава во соопштението.

По упадот на Хамас врз Израел и масакрот на 7 октомври, еден ден подоцна во нападите на северен Израел се приклучи и проиранскиот Хезболах и оттогаш двете страни разменуваат оган.

Оттогаш, десетици илјади луѓе од двете страни на границата мораа да ги напуштат своите домови, а Израел го прогласи враќањето на населението за еден од своите приоритети.

Во последните денови во израелските воздушни напади врз јужен Либан се погодени стотици цели и ликвидирани се команданти на Хезболах. Според либански извори, загинале околу 600 луѓе.

Во исто време Хезболах продолжува со истрелите на проектили кон Израел. За речиси една година Хезболах истрела над 8.800 проектили кон Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ