среда, 18 септември 2024

Нетанјаху: Израел „скапо ќе наплати“ за нападот на Хутите

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска им порача на Хутите во Јемен дека Израел „скапо ќе наплати“ за нападот на израелска територија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Хутите треба да знаат дека скапо ќе наплатиме за секој обид да ни наштетат“, рече тој на почетокот на неделниот состанок на владата, пренесува Тајмс оф Израел.

Нетанјаху нагласи дека сегашната ситуација на северот на Израел „нема да продолжи“ и ја изрази својата решеност да направи сè што може за да го врати евакуираното население од тој регион во своите домови.

Претходно денеска, јеменската милитантна група Хути ја презеде одговорноста за нападот со балистички ракети, што утрово првпат имаа домет до централен Израел, и се закани со нови напади.

Сирените за воздушен напад утрово се огласија во Тел Авив и низ централен Израел, а војската соопшти дека проектили земја-земја биле истрелани од правец на Јемен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ