недела, 6 октомври 2024

Нетанјаху: Израел се брани на седум фронтови – Иран, Хезболах, Хамас, шиити, терористи…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека една година по терористичкиот напад на Хамас, Израел се бори на седум фронтови.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Денес Израел се брани на седум фронтови против непријателите на цивилизацијата“, рече Нетанјаху во видео-обраќање објавено во неделата, пренесе Си-ен-ен.

Тој појасни дека тие седум фронтови се на север: Хезболах кој ја има поддршката од Иран, Хамас во Газа, Хутите во Јемен, терористите од Западниот Брег и шиитските милиции во Ирак и Сирија.

„И се бориме против Иран, кој минатата недела истрела преку 200 балистички ракети директно на Израел и кој стои зад седумте фронтови против Израел“, додаде Нетанјаху.

Тој додаде дека го одржува своето ветување за промена на рамнотежата на силите на северот, меѓу Израел и Либан.

Израел изврши речиси 9.000 напади врз Либан од 8 октомври, додека Хезболах извршил 1.500 во истиот период.

Кога станува збор за Газа, Нетанјаху рече дека Израел има право да се брани и дека преостанатите заложници кои ги држи Хамас, 101 од нив, не се заборавени. Посочи дека се залагаат со сите сили да ги вратат дома.

Премиерот на Израел вели дека францускиот претседател Емануел Макрон и другите земји треба да се срамат што повикуваат на прекин на испораката на оружје за Израел.

„Бидете уверени, Израел ќе се бори додека не ја добиеме битката, за доброто на нашата безбедност и за доброто на Израел и безбедноста во светот“, рече Нетанјаху.

Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од 7 октомври минатата година во Газа починале 41.825 лица.

Во израелските напади врз Либан минатиот месец, според податоците на либанското Министерство за здравство, убиени се повеќе од 1.400 луѓе, а речиси 7.500 се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ