петок, 13 декември 2024

Нетанјаху: Израел е подготвен да одговори на сите напади

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел е подготвен да одговори доколку биде нападнат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поставивме едноставен принцип, кој и да нѐ нападне, ние му го возвраќаме нападот“, рече Нетанјаху при посетата на флотата на авиони Ф15, а се претпоставува дека со оваа изјава алудирал на неодамнешните закани од Иран, пишува Тајмс оф Израел.

„Се наоѓаме во времиња со многу предизвици. Среде војна сме во Газа, која продолжува со полна сила. Покрај тоа, продолжуваме со нашите непрестајни напори да ги вратиме нашите заложници, но се подготвуваме и за предизвиците што доаѓаат од други фронтови“, рече Нетанјаху и им порача на пилотите на оваа флота дека тој и целиот Израел им веруваат.

Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди, и неговиот заменик, како и пет офицери што ги придружувале. Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални претставници на Техеран исто така претходно се заканија со одмазда за нападот, меѓу кои и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека „тој злобен режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ