сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху: Израел е на чекор до победа во Појасот Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека „Израел е на чекор до победата“ и дека „Хамас е тој што го спречува договорот за заложниците“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот дури ни по шестмесечна војна во Појасот Газа, додека не бидат ослободени заложниците што ги држи Хамас некаде во енклавата, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека Израел, и покрај зголемениот меѓународен притисок, нема да попушти пред „екстремните“ барања на лидерот на Хамас.

Коментирајќи го масовниот протест против владата и повикот на демонстрантите владата да постигне договор за заложниците, Нетанјаху рече дека „осудува каква било форма на насилство, газење демонстранти или напад на полицајци“.

Неколку илјади луѓе протестираа вчера во неколку израелски града барајќи израелската влада да се согласи за договор за ослободување на заложниците од Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ