сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху го прифати планот на Бајден за примирје во Газа

Советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди денес дека Израел го прифатил рамковниот договор за прекин на војната во Газа кој го предлага американскиот претседател Џо Бајден, иако кажа дека е фаличен и дека на него треба многу да се работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Офир Фалк, главниот советник на Нетанјаху за надворешна политика, кажа дека предлогот на Бајден „е договор на кој сите се согласивме – не е добар договор, но многу ни е важно да се пуштат сите заложници“.

„Има многу детали на кои треба да се работи“, кажа тој, додавајќи дека условите на Израел, вклучувајќи го „ослободувањето на заложниците и уништувањето на Хамас како геноцидна терористичка организација“ не се сменети.

Бајден во петокот го изнесе својот план во три фази кој го предаде на владата на Нетанјаху со цел завршување на војната.

Првата фаза од планот бара примирје и враќање на децата заложници кои ги држи Хамас, по што во втората фаза ќе се преговара за траен прекин на непријателствата и тогаш ќе бидат пуштени преостанатите заложници, кажа Бајден.

Една од спорните точки е инсистирањето на Израел дека ќе се разговара за привремени примирја сè до уништувањето на Хамас. Хамас, пак, истакнува дека ќе ги ослободи заложниците само ако се постигне траен прекин на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ