петок, 26 јули 2024

Нетанјаху го отфрли апелот на Блинкен Израел да се откаже на Рафа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли молбата на државниот секретар на САД Ентони Блинкен да се откаже од копнен напад на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа каде од борбите се засолнети голем број палестински цивили.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху кажа дека Израел, ако биде потребно, нападот да го изврши сам, без поддршка од Соединетите Американски Држави.

Заканите за напад на Рафа фрлаат сенка на тековните напори да се постигне договор за примирје меѓу Израел и Хамас, пишува Асошиејтед прес.

Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен им кажа вчера на новинарите на крајот на својата шеста посета на Блискиот Исток од почетокот на војната дека “има уште многу работа“.

Во Совет за безбедност на ОН вчера и Русија и Кина ставија вето на резолуцијата која ја предложија САД во која се наведува дека е неопходно моментално воспоставување одржливо примирје. Претставниците на двете земји кажаа дека резолуцијата е двосмислена и дека во неа не се повикува директно на прекин на борбите, што поголемиот дел од светот го бара.

Нетанјаху кажа дека му пренел на Блинкен дека копнената офанзива е единствениот начин да се уништи Хамас.

„Му кажав дека нема начин да го поразиме Хамас без влегување во Рафа и уништување на преостанатите баталјони таму. Му кажав дека се надевам дека тоа ќе го направиме со поддршка од САД, но ако е потребно, ќе го направиме сами“, кажа Нетанјаху.

Блинкен претходно кажа дека САД ја поддржуваат целта на Израел да го порази Хама, но дека веруваат дека има алтернативи на копнената инвазија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ