недела, 19 јануари 2025
Сè уште нема прекин на огнот

Нетанјаху го одложи договорот додека Хамас не ја предаде листата на заложници

Стапувањето на сила на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, закажан за недела сабајле, е одложен бидејќи палестинскиот Хамас сè уште не доставил список на заложници кои треба да бидат ослободени во текот на денот, како што бараше Израел, пренесе француската новинска агенција Франс прес.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Денеска Израел, на помалку од еден час пред да стапи на сила договорот за прекин на огнот со Хамас, предупреди дека примирјето нема да започне додека палестинското исламистичко движење не го предаде списокот на заложници кои требаше да бидат ослободени подоцна во текот на денот.

„Премиерот ѝ дал инструкции на израелската војска дека прекинот на огнот нема да започне додека Израел не добие список на заложници за ослободување, како што се обврза да го стори Хамас“, се вели во соопштението од кабинетот на Бенјамин Нетанјаху.

Хамас во соопштението наведе дека има намера да се придржува до договорот, но го призна одложувањето на „давањето на имињата на заложниците за да бидат ослободени“ поради „технички причини на теренот“.

Прекинот на огнот со посредство на Катар со помош на САД и Египет требаше да стапи на сила во 7 часот и 30 минути.

Договорот предвидуваше ослободување на дел од израелските заложници држени во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ