сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху до Западот: Зар толку брзо ја загубивте моралната свест?

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху одговори на острите критики на западните сојузници на израелската стратегија во Газа и порача дека со својот начин на дејствување сакаат да го парализираат Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху директно одговори на критиките кои минатата недела ги упати американскиот сенатор Чак Шумер, кој е најистакнатиот еврејски политичар во Соединетите Американски Држави.

„Дали така брзо го заборавивте 7 октомври, најстрашниот масакр на Евреи од Холокаустот? Дали сте така врзи да му го одземете правото на Израел да се брани од чудовиштата на Хамас? Дали толку брзо ја изгубивте моралната свест?“, кажа Нетанјаху.

Тој истакна дека поединци во меѓународната заедница се обидуваат да ја сопрат војната кажувајќи „лажни обвинувања“ на сметка на израелската војска, владата и премиерот.

„Тие тоа го прават во обид да распишат избори сега, во кулминацијата на војната. Тоа го прават знаејќи дека сегашни избори ќе ја сопрат војната и ќе ја парализираат земјата на најмалку шест месеци“, заклучи Нетанјаху.

Лидерот на мнозинството на демократите во американскиот Сенат Шумер повика на нови избори во Израел и порача дека премиерот на таа земја „го изгубил својот пат“.

„Верувам дека нови избори се единствениот начин да се овозможи здрав и отворен процес на носење одлуки за иднината на Израел“, порача Шумер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ