сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху до шефот на британската дипломатија: Сами ќе одлучиме како да му одговориме на Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му рекол на британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон дека Израел „сам ќе одлучи“ како да одговори на иранскиот напад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нетанјаху рече дека неговата влада „ќе стори сè што е потребно за да се одбрани“. Британската влада се надеваше дека разговорите ќе помогнат да се спречи ескалација, јавува Би-би-си.

Нетанјаху повеќе пати вети дека ќе возврати на невидениот ирански напад врз Израел со ракети и дронови од викендов.

Камерон му рекол дека секој одговор треба да биде „паметен“ и ограничен. По средбата со Нетанјаху во Ерусалим, Камерон им рече на новинарите дека дошол да „покаже солидарност“ по „ужасниот“ напад од Иран.

„Се надеваме дека што и да прави Израел ќе биде ограничено, насочено и колку што е можно попаметно“, продолжи тој. „Не е во ничиј интерес ескалација и тоа е она што многу јасно им го кажав на сите луѓе со кои разговарав овде во Израел“, додаде Камерон.

Израелскиот премиер по средбата изјави дека Израел самостојно донесува одлуки.

„Сакам да појаснам – самите ќе донесеме одлуки, а државата Израел ќе направи сè што е потребно за да се одбрани“. Изјавата на Нетанјаху ќе го зајакне верувањето во западните престолнини дека Израел е подготвен да му возврати на Иран.

Камерон подоцна ќе отпатува на состанокот на министрите на Г7 во Италија каде ќе се заложи за координирани санкции кон Иран.

Тој претходно го обвини Техеран дека стои „зад толку многу малигни активности“ на Блискиот Исток и ги повика другите земји да преземат мерки за ограничување на влијанието на Иран.

САД и ЕУ размислуваат за дополнителни санкции, а Израел ги повикува сојузниците да го назначат Корпусот на иранската Револуционерна гарда (ИРГЦ), главната воена, политичка и економска сила во Иран, како терористичка организација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ