сабота, 27 јули 2024

Нетанјаху до Бајден: Израел не е држава вазал, во Рафа „ќе се случи тоа што е потребно“

Откако американскиот претседател Џо Бајден го предупреди Израел дека голем напад на милионскиот палестински град Рафа, каде бегалците се засолнија од израелската окупација на Појасот Газа, ќе значи дека е „премината црвената линија“, премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кажа дека „Израел не е држава вазал“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелскиот премиер своето несогласување со Бајден за Рафа го споредил со несогласувањето на поранешниот израелски премиер Давид Бен Гурион кој ја прогласи независноста на Израел во 1948 година и покрај противењето на тогашниот државен секретар на САД Џорџ Маршал, пренесува Аксиос.

Нетанјаху на членовите на својот кабинет им кажал дека секогаш знаел како да се спротивстави на притисокот од Вашингтон, и дека тоа ќе го направи повторно ако е неопходно, пишува Аксиос повикувајќи се на еден соработник на Нетанјаху.

Шефот на израелската влада во интервју за Си-ен-би си кажа дека неговата влада ќе направи „сè што е неопходно во Рафа“ и покрај несогласувањето со најмоќниот сојузник САД.

„Да, не се сложуваме за Газа. Подобро кажано за Рафа, но ќе го направиме она што мораме да го направиме. Понекогаш мора да го направите токму она што е неопходно за да се обезбеди опстанокот и иднината. Не можеме понатаму ако Хамас повторно ја преземе власта во Газа“, кажа Нетанјаху, додавајќи дека се надевал дека САД ќе се сложат, но дека тој на крајот „мора да го заштити животот на нацијата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ